Дома Фудбал Фабрегас направи срамен потег, Алегри жестоко го навреди: Погледнете што се случи на натпреварот Милан – Комо (Видео)

Фабрегас направи срамен потег, Алегри жестоко го навреди: Погледнете што се случи на натпреварот Милан – Комо (Видео)

Вчерашниот дуел од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо на Сан Сиро заврши без победник со 1:1, но главна тема беше жестоката вербална конфронтација меѓу домашниот стратег Масимилијано Алегри и Гостинскиот тренер Ческ Фабрегас.

Инцидентот започна во 80. минута, кога Фабрегас интервенираше неспортски во обидот на играчот на Милан, Алексис Салемакерс, да го изведе слободниот удар за својот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гневниот Алегри веднаш реагираше, што доведе до тоа да биде исклучен, додека Фабрегас помина без никаква санкција.

Во изјава телевизиските камери тренерот на Милан изјави дека таквото однесување е недозволиво, додека од друга страна, Фабрегас се извини за својот потег.

Сепак, по завршувањето на прес-конференцијата, кога Фабрегас излегуваше, повторно налета на Алегри кој токму влегуваше со намера да даде изјава.

Италијанските репортери изјавија дека тогаш миланскиот тренер уште еднаш жестоко го нападна Фабрегас.

“Идиот си, немаш појм! Детиште што вчера стана тренер,” беснеел Алегри пренесува „Тутомеркато“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета вечерва покажа колку е „кукавица“, Арсенал е во голем проблем

Фудбалерите на Арсенал направија голем кикс во 31. коло на Премиерлигата одиграјќи само 2:…