Дома Фудбал Во соблекувалната на Реал сè гореше по драмата во Лисабон: „Ова е меѓу мене и него“

Во соблекувалната на Реал сè гореше по драмата во Лисабон: „Ова е меѓу мене и него“

Реал Мадрид успеа да ја совлада Бенфика во Лисабон со резултат 1:0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите и со предност од еден гол оди во Мадрид на реванш кој ќе се одржи следната недела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имаше многу тензии и искри во Лисабон, а во центарот на вниманието беше стрелецот на голот Винициус Жуниор.

По натпреварот изјава даде тренерот на Реал, Алваро Арбелоа.

„Многу сум задоволен од нашата игра, резултатот и цврстата претстава“, изјави Арбелоа и продолжи:

„Очигледно, не е готово, но одлично се снајдовме, сега морам да им кажам на момците во соблекувалната дека тука ништо не е завршено“.

А за црвениот картон на Жозе Мурињо, дали разговаравте?

„Да, сè гореше во соблекувалните, а потоа Жозе и јас разговаравме. Ова е меѓу мене и него“, кажа Арбелоа и додаде:

„Можам само да кажам дека заслужува враќање на Бернабеу, ќе видиме што ќе биде по црвениот картон“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аргентина пак ја расплака Англија со епски пресврт и ќе ја брани титулата против Шпанија

Светскиот шампион Аргентина ќе има шанса да ја брани својата титула во финале против европ…