
Интер во среда гостува кај Бодо Глимт во првиот меч од плеј-офот за осминафиналето на Лигата на шампионите, а предизвикот на европскиот дуел беше обележан со изјавата на Алесандро Бастони, кој призна дека го преценил падот на дербито против Јувентус.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Интер за викендот победи со 3:2 со гол во завршницата, а натпреварот беше одбележан со исклучување на Пјер Калулу после дуелот со Бастони. Одбранбениот играч на „нероазурите“ сега ја презеде одговорноста.
“Осетив контакт со Калулу и преценив го падот за да измамам фаул. Морам да се извинам за реакцијата после тоа, затоа што не беше убаво за гледање. Ме понесе важноста и интензитетот на натпреварот”, изјави Бастони.
Тој истакна дека е навикнат на будното око на медиумите, но го погодија пораките што стигнаа до неговото семејство.
“Навикнат сум на критики и знам како да се носам со тоа, но ми е жал за мојата сопруга и ќерката, која не разбира што се случува. Мојата сопруга добиваше навреди, дури и закани по живот. Тоа е неприфатливо. Жал ми е и за судијата Федерико ла Пенја, кој се најде во слична ситуација”, додаде стоперот на Интер.