Дома Фудбал Агентот на Клоп откри две спектакуларни понуди кои Германецот ги одби

Агентот на Клоп откри две спектакуларни понуди кои Германецот ги одби

Агентот на Јирген Клоп, Марк Косике, ги откри имињата на два големи клуба кои се обиделе да го доведат Клоп, но Германецот одлучи да ги одбие.

Неговата последна тренерска работа Клоп ја имаше во Ливерпул, кој го напушти во летото 2024 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тој своето заминување го најави малку порано, а на Енфилд помина девет многу успешни години.

Клоп освои осум трофеи за време на својот престој во Ливерпул, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2019 година, како и Премиерлигата наредната сезона.

Неговиот успех му обезбеди место меѓу легендите на „Енфилд“, но по заминувањето од овој клуб рече дека нема да прифати нова работа во Англија.

Се враќаме повеќе од една година наназад и откриено е дека Клоп имал две спектакуларни понуди на својата маса, но одлучил да ги одбие.

Станува збор за понудите на Манчестер Јунајтед и Челси кои сакале да го доведат Клоп на местото на тренер откако тој заминал од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…