
Украинскиот фудбалер Олександр Зинченко ја доживеа несреќа на своето прво искуство во дресот на Ајакс. Играчот ги скинал крстните лигаменти и ќе биде отсутен до крајот на оваа, па и дел од следната сезона.
Олександр Зинченко доживеа сериозна повреда на своето деби за Ајакс. Зинчеко се пресели во Ајакс пред само неколку дена, а веќе на својот прв натпревар заврши со тешка повреда.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Сосема сум скршен”, сподели во шокантна порака преку социјалните мрежи.
Последниот пат кога го видовме толку емотивно растресен беше кога Русија ја нападна Украина пред четири години. Изгледа дека неговата нова авантура во Ајакс започна со катастрофа.
Сето ова се случи на домашниот натпревар против Форчтна Ситард,. Иако Ајакс заврши натпреварот со победа од 4:1, со автогол на Јосип Шутало, Зинченко немаше среќа во самиот почеток на мечот.
Во една акција падна на теренот по дуел со Димитрис Лимниос, што резултираше во повреда на коленото. Со болка го напушти теренот, заменет од Овен Вајндал уште во 6. минута.
Het basisdebuut van Oleksandr Zinchenko heeft zes minuten geduurd… 😕#ajafor pic.twitter.com/sqTBoKb7KA
— ESPN NL (@ESPNnl) February 14, 2026