Дома Фудбал Милан го сака дефанзивецот на Барселона

Милан го сака дефанзивецот на Барселона

Дефанзивецот на Барселона Жерар Мартин се наоѓа на листата на желби на Масимилијан Алегри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 23-годишен лев бек и по потреба и лев стопер, сезонава доби голема доверба од Ханси Флик, бидејќи одигра дури 33 натпревари во сите натпреварувања и тоа често во центарот на одбраната.

Со своите добри настапи го привлече вниманието на многу тимови низ Европа, а прв на ред е Милан.

“Росонерите” веруваат дека Жерар Мартин е право засилување за одбраната на Милан и подготвуваат понуда за универзалецот на Флик.

Интересно е што поради своите настапи оваа сезона Мартин го доби прекарот „Жерар Малдини“, и неговите соиграчи така го нарекуваат во соблекувалната.

Мартин дојде во Барселона летото 2023 година како анонимец од Корнела и тоа за само 100.000 евра, додека Трансфермаркт денес ја проценува неговата вредност на 20.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тонали е премногу скап за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се откажува од обидите да го привлече Сандро Тонали. Според раководство…