Дома Фудбал Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Брера го освои Гостивар, Македонија Ѓорче Петров лесно против Шкупи

Екипата на Брера Струмица важни три бода на гости кај Арсими во Гостивар, триумфирајќи со 2-0 и правејќи сериозен исчекор во трката за опстанок во Прва македонска фудбалска лига.

Струмичани одиграа тактички зрело и трпеливо, но ги и искористија своите шанси. Првиот погодок падна во 23. минута, кога Петровиќ продре по левата страна и со прецизен удар го матираше Иљази за водство на гостите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во вториот дел домаќините презедоа иницијатива и притиснаа по израмнување. Арсими создаде неколку изгледни шанси, а најблиску до гол беше Ремзифаик Селмани, кој од непосредна близина со глава шутираше над голот. Своја можност имаше и Цуцули, но мрежата остана недопрена.

Како што тоа често се случува, промашувањата беа казнети. Во самиот финиш, кога Арсими тргна на сè или ништо, Брера изведе брз контранапад, а Стојанов со ефектен удар ги постави конечните 2-0.

Со оваа победа Брера се искачи на петтото место со 23 бодови, додека Арсими остана седми со бод помалку, дополнително комплицирајќи си ја ситуацијата во борбата за сигурен опстанок. Во вториот натпревар кој почна еден час порани, Македонија Ѓорче Петров го победи Шкупи со сигурни 3-0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…