Дома Фудбал Поранешен играч на Баерн Минхен ќе го предводи Самсунспор против Шкендија!

Поранешен играч на Баерн Минхен ќе го предводи Самсунспор против Шкендија!

Екипата на Шкендија ја очекува европски предизвик против турскиот претставник Самсунспор во рамки на Конференциската лига, а ривалот во пресрет на дуелот направи тренерска смена.

По серијата слаби резултати, раководството на Самсунспор на 14 февруари се раздели со германскиот стратег Томас Рајс, а експресно реагираше со назначување на негов наследник. Нов предводник на турскиот тим е искусниот Торстен Финк, кој стави потпис на договор со важност од една и пол година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Финк во својата тренерска кариера седел на клупите на Генк, Ал Наср, Австрија Виена, Базел и други клубови, додека како фудбалер најголем белег остави во дресот на Баерн Минхен каде што играше од 1997 до 2003 година.

Првиот судир меѓу Шкендија и Самсунспор е закажан за в четврток од 21 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде што тетовци ќе се обидат да обезбедат позитивен резултат пред реваншот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета прави „револуција“, ќе има нова позиција за Сака?

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, не ја исклучува можноста дека во продолжението на сезо…