
Ноќеска во Лос Анџелес се одигра Ол-Стар натпреварот, при што една од највиралните ситуации беше поврзана со Никола Јокиќ од Србија и неговиот соиграч Карл-Ентони Таунс од Доминиканската Република.
Звездата на Њујорк Никс се појави во соблекувалната со јакна на која беше прикажан Свети Ѓорѓи како убива змеј, а изненадениот Јокиќ му пристапи, истакнувајќи дека тоа е дел од христијанската историја.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Ја добив јакната на подарок. Создадени се само 25 примероци со овој мотив. Навистина ја ценам јакната, тоа е вистинско уметничко дело. Импресиониран сум од кројот и сите детали, особено од шаблонот по кој е изработена. Го добив единствениот примерок направен по моја мерка. Не знаев дека е дел од српската историја. Голем поздрав до Јокиќ, му благодарам. Ќе морам да учам повеќе за ова“, изјави Ентони-Таунс пред новинарите.
Јокиќ додаде: „Го видов мотивот на јакната и веднаш го препознав како нешто познато. Не се излажав, беше тоа што мислев нели?“
Nikola Jokić recognized the painting on Karl-Anthony Towns’ jacket: Saint George killing the dragon, one of the most famous legends in Christian tradition 🙌🏻☦️pic.twitter.com/DTfkezPYah
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 15, 2026
Мотивот на Свети Ѓорѓи како убива aждаја/змеј е еден од најпознатите симболи во христијанската традиција, каде што змејот претставува злобна сила што „голтала“ многу невини христијани.