Дома Фудбал Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Полицијата во Куманово уапсила навивач на Пелистер

Од СВР Куманово денеска соопштија дека еден навивач на Пелистер од Битола бил приведен поради обид за напад на друго лице на трибината во вчерашниот полуфинален дуел од Купот на Македонија помеѓу Куманово и Пелистер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На 13.02.2026 во 20:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Д.(20) од Битола затоа што на кошаркарски натпревар во спортската сала Куманово прескокнал ограда и се обидел да нападнал лице од публиката, но бил спречен“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Ќе потсетиме, инциденти на овој дуел имаше и пред почетокот при влегувањето на навивачите во салата поради што дуелот беше и во прекин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави нова снимка: Дали Германија беше оштетена против Парагвај? (Видео)

Страстите во Германија сè уште не стивнуваат по елиминацијата од страна на Парагвај. Тамош…