
Кошаркарите на Пелистер го завршија учеството во Купот на Македонија по поразот од Куманово во четвртфиналето, натпревар што помина во тензична атмосфера и со еден прекин, а инцидент имало и по дуелот.
На пат кон Битола, дел од навивачката група Чкембари предизвикале инцидент во угостителски објект на автопатот Скопје – Велес. Според сведочења на присутни, конфликтот започнал кога навивачите забележале обележје на Вардар кај девојче кое престојувало во локалот. Обидот да ѝ биде одземен симболот довел до ескалација на ситуацијата, по што биле нападнати и други лица кои се нашле во објектот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во инцидентот неколку лица се здобиле со повреди, меѓу нив и малолетници. Освен физичката пресметка, едно возило останало без регистарски таблички, а на влезните ознаки од локалот биле испишани пораки.
