Дома Фудбал От Милан нудат нов договор за Томори, Модриќ треба да го дочека крајот на сезоната

От Милан нудат нов договор за Томори, Модриќ треба да го дочека крајот на сезоната

Управата на Милан си поставила за цел Фикајо Томори да биде следниот фудбалер на тимот кој ќе потпише нов договор. Сегашниот договор на Англичанецот е до летото 2027 година, но од „Сан Сиро“ сакаат да го обврзат на долгорочно уште побрзо, за да се избегне ситуација како онаа со Мајк Менјан.

Тренерот на тимот Масимилијано Алегри е голем приврзаник на Томори и неговата тактичка флексибилност.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Слична е ситуацијата и со Кристијан Пулишиќ, но шефовите на „росонерите“ се малку посмирени за еден од најдобрите нивни фудбалери, бидејќи договорот на Американецот содржи клаузула која му овозможува на клубот да активира дополнителна сезона. Малку поинаква е ситуацијата на Лука Модриќ. Хрватот импресионира со настапите во дресот на Милан од почетокот на сезоната, но сепак, неговата поодмината возраст не му дозволува на управата на клубот да носи прибрзани одлуки за неговата иднина. Двете страни најверојатно ќе го дочекаат крајот на сезоната и дури тогаш ќе биде донесена одлука дали на плејмејкерот ќе му се понуди нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го задржат Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…