Дома Фудбал Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Млад македонски голман ќе брани за Партизан!

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во својата кариера откако официјално стави потпис на договор со српскиот гигант Партизан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Досегашниот чувар на мрежата на Македонија Ѓорче Петров, каде што се развиваше во младинската академија, ќе ја продолжи својата фудбалска приказна во Белград. Во првата фаза од ангажманот, Трајковски ќе биде дел од тимот до 19 години, каде што ќе има можност дополнително да се докажува и напредува.

Со своите сигурни интервенции меѓу стативите, Трајковски веќе го привлече вниманието и на национално ниво. Тој ги мина сите младински селекции на Македонија – од генерацијата до 15 години, па сè до актуелната репрезентација до 19 години, каде што редовно добива повик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лудо: Новица и Богдан купиле автомобил и поминаа 5.800 километри во 24 дена за го гледаат Партизан (Фото)

Поради долгиот пат до Казахастан експедицијата на Партизан реши да тргне два дена порано з…