Дома Останати Тенис Надал се сомнева во 25-та гренд слем титула на Ѓоковиќ: Готово е, имаше шанса во Мелбурн

Надал се сомнева во 25-та гренд слем титула на Ѓоковиќ: Готово е, имаше шанса во Мелбурн

Поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал изјави дека поразот во финалето на Австралија Опен за Новак Ѓоковиќ практично ги уништи сите шанси да дојде до долгоочекуваната 25-та гренд слем титула, додавајќи дека тенисот сепак не треба да се гледа само од аголот на победи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако кон крајот на 2024 година заврши исклучително успешна тениска кариера, Надал сè уште е вклучен во спортот на кој му го посвети животот.

Пред десетина дена беше во Мелбурн, гледајќи го финалето на Ѓоковиќ против Карлос Алкараз, а сега по хуманитарниот турнир во голф во Мадрид го изрази својот песимистички став во однос на трка за 25-та гренд слем титула.

„Готово е. Мислам дека не треба да анализираме тенисот само врз основа на тоа кој победува. Имаше шанса во Мелбурн, а во оваа фаза од неговата кариера, да бидам искрен, не му остануваат уште многу шанси. Сепак, она што тој го достигнува е апсолутно достојно за восхит”, рече Надал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…