Дома Фудбал Останато Не му беше доволно! – Адебајор повторно го навлече гневот на „топџиите“!

Не му беше доволно! – Адебајор повторно го навлече гневот на „топџиите“!

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Емануел Адебајор повторно навлече гневот на навивачите на лондонскиот клуб со своите изјави.

Адебајор во летото 2009 година одлучи да го напушти Арсенал и кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити, а потоа во првата прилика еуфорично го прослави голот против поранешениот тим. Репрезентативецот на Того од тој момент стана една од најомразените личности на „Емирати“, но како тоа да не му беше доволно.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


После изјавата дека и денес би славел погодок против Арсенал. Овој искусен напаѓач сега го „понижи“ својот поранешен соиграч Томас Росицки. Познато е дека чешкиот фудбалер во кариерата имаше огромни проблеми со повредите и никогаш не успеа да го достигне својот полн потенцијал.

Адебајор призна дека му е жал што никогаш не успеал да ја освои титулата со Арсенал, но во продолжение како што кажавме го „понижи“ Томас Росицки.

„Челзи тогаш во својот среден ред ги имаше Есиен и Балак, а ние го имавме Росицки. Па, кога би го прашале „како си“, тој ќе се повредеше“, изјави Адебајор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…