Дома Фудбал На Јамал му се промени животот од корен, а тој признава: „Ако не би бил славен еден ден веднаш би…“

На Јамал му се промени животот од корен, а тој признава: „Ако не би бил славен еден ден веднаш би…“

Животот на Ламине Јамал преку ноќ се промени од темел откако дебитираше за Барселона каде за кратко време стана еден од најважните играчи. Денес Јамал е популарен ширум планетава и откри што би направил ако престане да биде славен за еден ден.

Јамал уште како дете импресионираше во младинските категории на Барселона, но никој не можеше да предвиди дека со само 16 години ќе стане еден од клучните играчи на каталонскиот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шансата во првиот тим на Барселона му ја даде Чави Ернандез во летото 2023 година, што беше вистински потег, бидејќи во само неколку месеци Јамал стана и репрезентативец на Шпанија.

Неговиот живот по дебито за Барселона во целост се измени, а денес Ламине Јамал без сомнение е еден од најдобрите и најпопуларните фудбалери во светот.

Разбирливо, покрај популарноста заработува и огромни пари, а на своите родители им овозможи подобар живот откако мораа да работат повеќе работи за да ја издржуваат семејството.

Јамал се обидува да остане со двете нозе на земја и не дозволува славата премногу да го промени, а најмногу благодарејќи на баба Фатима која се грижи Ламине „да не летне“.

Тој даде интервју пред неколку денови во кое зборуваше за приватниот живот, а едно прашање особено се истакна. Го прашаа што би направил ако не е славен за еден ден, и Јамал веднаш даде одговор.

„Ако можам да престанам да бидам славен само еден ден, најпрво би отишол на појадок во некој ресторан, потоа би играл фудбал на терен сличен на оној во Рокафонда, а потоа би се возел со пријателите на велосипед или тротинет“, рече Јамал, и продолжи.

„Надвор од фудбалот, јас сум само обичен осумнаесетгодишник. Поминувам време со семејството, се дружам со пријателите, го чувам помалиот брат и се играм со него, играм PlayStation, излегувам во прошетка. Ја практикувам секојдневијата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола: Шест бода разлика се многу, земајќи го предвид настапот на Арсенал

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше пред медиумите пред утрешниот натпре…