Дома Фудбал Веќе не можеше да молчи: Вирџил ван Дајк брутално нападна легенда на англискиот фудбал

Веќе не можеше да молчи: Вирџил ван Дајк брутално нападна легенда на англискиот фудбал

Зборови кои одекнаа посилно од било кој старт на теренот. Капитенот на Ливерпул веќе не молчи и јасно ги прозива оние од другата страна на екранот. Пораката е јасна – критика да, но понижување не.

Вирџил ван Дајк уште еднаш покажа зошто ја носи капитенската трака на Ливерпул, не само на теренот туку и надвор од него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Искусниот Холнаѓнаец отворено зборуваше за се почестите критики кои доаѓаат од поранешни фудбалери, а кои, според неговите зборови, често ја преминуваат границата и стануваат неодговорни.

Ван Дајк смета дека пензионираните професионални играчи мораат да размислуваат за последиците од своите зборови, посебно кога станува збор за младите фудбалери кои допрва ја градат својата кариера во модерниот, медиумски суров фудбал.

Оваа тема е посебно актуелна оваа сезона, бидејќи Ливерпул поминува низ тежок период и втор последователен пад на формата под водство на тренерот Арне Слот.

Капитенот на “Црвените” веќе претходно беше во вербален судир со Вејн Руни, а критиките кои доаѓаа од негова страна ги оквалификуваше како “мрзливи”.

Сега Ван Дајк повторно се врати на истата тема, овој пат во разговор со уште еден поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, пред големиот дерби против Манчестер Сити на Енфилд.

“За мене лично, можам да се справам со тоа, но малку сум загрижен за наредната генерација,” рече Ван Дајк за Sky Sports.

“Чувствувам дека поранешните врвни играчи имаат одговорност кон новата генерација.”

„Критиката е апсолутно нормална и дел од играта и мислам дека така треба и да остане. Но, понекогаш критиката преминува во clickbait, во изговарање нешта само за да се предизвика реакција, без размислување за последиците по менталната страна на играчите, а особено на младата генерација, која постојано е на социјалните мрежи.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Таткото на Ендрик ја отвори душата, неговата исповед тера на солзи: „Синот ми само рече дека…“

Ендрик Фелипе Мореира де Соуза денес е едно од најзвучните имиња во светскиот фудбал и гол…