Дома Фудбал Ибрахимовиќ: Зимските Олимписки Игри не се нормални!

Ибрахимовиќ: Зимските Олимписки Игри не се нормални!

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ откри за Би-Би-Си што е потребно за да се стане шампион со Милан. Меѓутоа, познатиот фудбалер се осврна и на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, кои беа официјално отворени синоќа.

Во видео објавено од Би-Би-Си со наслов „Зошто да бидеш обичен“, Ибрахимовиќ меѓу другото објаснува зошто ги обожава Зимските олимписки игри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Често ме прашуваат што е потребно за да бидеш шампион во Милан, очекувајќи едноставен одговор. Но, патот на шампионот никогаш не е лесен. За да триумфирате во Милано, морате да бидете поинакви, не може да сте обични. Зимските олимписки игри се уникатни и токму затоа ги обожавам”, вели Ибрахимовиќ.

Тој нагласува дека Зимските олимписки игри се за луѓе кои сакаат да ризикуваат.

“Мора да си подготвен да го фатиш моментот. Ќе те восхитат, студот ќе те освежи и ќе го обожаваш тоа. Зошто да бидеш обичен кога можеш да бидеш најдобар”, порача Ибрахимовиќ.

Да потсетиме, синоќа во Милано и Кортина свечено беа отворени 25. Зимски олимписки игри и ќе траат до 22 февруари. Тие ќе се одржуваат на десет натпреварувачки полиња во три региони на северна Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Виралниот навивач на Манчестер Јунајтед на чекор од шишање – еве што порача по победата над Тотенхем (Видео)

Френк Ајлет, познатиот навивач на Манчестер Јунајтед кој стана вирален, повторно е во фоку…