Дома Бокс Откако Џошуа му ја скрши вилицата: Џејк Пол најави враќање во рингот оваа година

Откако Џошуа му ја скрши вилицата: Џејк Пол најави враќање во рингот оваа година

Џејк Пол планира да се врати во боксерскиот ринг во текот на 2026 година и повторно да се натпреварува во крузер категоријата по тешкиот пораз од Ентони Џошуа. Оваа информација ја потврди Нakisa Бидариан, коосновач на неговата промотерска куќа „Most Valuable Promotions“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бидариан зборуваше за иднината на Пол при најавата на првата приредба што MVP ја организира во Обединетото Кралство, каде што главните борби на вечерта ќе бидат Каролина Дубоа против Тери Харпер и Ели Скотни против Мајел Флорес. Тој истакна дека Пол останува клучна фигура за растот на компанијата и покрај поразот од поранешниот светски првак во тешка категорија.

Да потсетиме, Пол беше поразен од Џошуа откако британскиот тешкаш прифати борба на краток рок, бидејќи Јутјуберот првично се подготвуваше за меч со Гервонта Дејвис во значително полесна категорија. Ова беше првиот пораз на Пол во тешка категорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Неофицијалната химна на БиХ ги воодушеви и луѓето во Би-Би-Си: Ова е многу заразно!

„Јас сум од Босна, одведи ме во Америка“, звучи насекаде низ светот, а тоа е благодарение …