Дома Фудбал Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлече халфот на Баерн Минхен, Леон Горецка, изненадувачки објавува “Дејли Мејл”.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


“Топџиите” својот потег го направиле на крајот од јануарскиот трансфер период, но на крајот не дошло до договор. Идејата на Артета била да ангажира уште еден играч во средината на теренот кој ќе помогне во напорниот распоред на екипата. Пред некој ден лондонците се квалификуваа за финалето на Карабао купот, покрај тоа, водат во првенството и продолжуваат понатаму во Лигата на шампионите и ФА купот.

Горецка беше меѓу водечките фудбалери на Баварците во текот на неколку сезони, но уште под водство на Томас Тухел, а подоцна и кај Венсан Компани, почесто почна да останува на клупата за резерви. Пред една недела самиот Горецка објави дека ќе ја напушти “Алијанц Арена” на крајот од сезоната. 31-годишниот играч пристигна во Бајерн од Шалке во 2018 година и за осум години со тимот освои шест титули на државата и трофејот во Лигата на шампионите во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…