
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ денес ја понесе Олимписката бакла низ улиците на Милано, каде што вечерва свечено ќе бидат отворени Зимските Олимписки игри.
Во текот на 63 дена, на пат долг 1.200 километри, 1.001 личност се грижеше за Олимписката бакла низ Италија. Сега, кога пламенот пристигнува во Милано и Игрите се приближуваат, честта ја доби најголемата шведска фудбалска легенда, Златан Ибрахимовиќ.
THE FLAME AND THE LEGEND ZLATAN IBRAHIMOVIĆ 🔥@Ibra_official #MilanoCortina2026 #TorchRelay2026 #Olympics #Ibrahimovic #Milano pic.twitter.com/V9mejQ8JJi
— Milano Cortina 2026 (@milanocortina26) February 6, 2026
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ибрахимовиќ накратко ја носеше олимписката бакла и ја искористи шансата да им испрати порака на шведските спортисти на Олимпијадата.
Како и останатите носители на баклата, тој носеше специјално изработена бела тренерка, создадена во соработка со Саломон.
Олимписката бакла денес ќе го заврши своето патување во Милано пред вечерва да го запали олимпискиот пламен на стадионот Сан Сиро, каде што Игрите ќе започнат со настапи на светски икони како Мараја Кери и Андреа Бочели.
Церемонијата на отворање започнува во 20 часот.