Дома Фудбал Семењо влегува во историјата на англискиот фудбал

Семењо влегува во историјата на англискиот фудбал

Антоан Семењо, новото засилување на Манчестер Сити, ќе влезе во историјата на англискиот фудбал како првиот играч кој стигнал до финалето на Карабао купот во истата сезона во која веќе бил исфрлен од ова натпреварување со друг тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова стана возможно откако пред почетокот на сезоната правилата беа изменети така што фудбалерите кои играле за еден клуб можат да се натпреваруваат за друг во следната фаза од купот, се додека тоа се случи пред првото полуфинале.

Крилото беше дел од тимот на Борнемут, кој беше елиминиран од Карабао купот по поразот од Брентфорд во второто коло на Лига купот во август. Овој јануари, Граѓаните ја платија откупната клаузула од 62,5 милиони фунти за да го донесат играчот на “Етихад”. Семењо веќе почна да импресионира со своите настапи во дресот на Манчестер Сити, постигнувајќи два гола во три натпревари досега.

Во Премиер лигата, Семењо на трите натпревари успеа да погоди двапати, додека во двата дуела од купот се запиша меѓу стрелците еднаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверојатниот Африканец одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

ЈАН ДИОМАНДЕ (19), репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, го избра Пари Сен-Жерме…