Дома Фудбал Милан се враќа по младиот напаѓач на Партизан

Милан се враќа по младиот напаѓач на Партизан

Дефинитивно е дека Андреј Костиќ ќе остане во дресот на Партизан барем до крајот на оваа сезона, спортскиот сектор реши дека понуденото е премалку и очекуваa во тимот 12 милиони евра за овој млад напаѓач. 

Не добија колку што бараа, но сагата ќе продолжи и по завршувањето на оваа сезона. 

Милан нема да се откаже од младиот црногорски фудбалер, а Игли Таре, спортскиот директор на Милан, сака прво да го види во младинскиот состав на росонерите, а потоа и во првиот тим. 

Костиќ е роден 2007 година, имаше одличен прв дел од шампионатот на Србија, играше извонредно во Европа, но на подготовките покажа слабости, а не придонесе ниту во првото коло против Раднички од Ниш кога Партизан го загуби првото место на табелата. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја пречекува Србија во Лигата на нации

Холандија ќе се обиде да ја зацврсти својата позиција на врвот во групата А2 од Лигата на …