Дома Фудбал Роналдо е незадоволен, но го прекинува штрајкот

Роналдо е незадоволен, но го прекинува штрајкот

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е подготвен повторно да се врати на терените во Саудиската Арабија, иако и понатаму е незадоволен од начинот на кој државата го третира неговиот клуб, Ал-Наср.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо одби да учествува во натпреварите за Ал-Наср како знак на протест против државниот Инвестициски фонд (PIF) на Саудиска Арабија бидејќи смета дека тие не се однесуваат рамноправно кон овој и останатите клубови. Инаку, сите големи клубови во Саудиска Арабија се под државна капа и токму тие носат одлуки кои играчи ќе бидат дел од кој клуб.

Според мислењето на португалската ѕвезда, државата го фаворизира Ал-Хилал со ангажман на најдобрите играчи, меѓу кои е и Карим Бензема кој се приклучи на клубот.

Така, Роналдо одлучи да не игра против Ал-Ријад оваа недела, но како што известува Sky Sports, тој ќе го прекине својот протест иако останува незадоволен од сегашната ситуација.

Се најавува дека Роналдо повторно ќе биде на теренот веќе утре во дербито против Ал-Иттихад. Неговото незадоволство е толку големо што дури разгледува можност за заминување од клубот и Саудиска Арабија.

Ал-Наср моментално заостанува само еден бод зад водечкиот Ал-Хилал, и надеваат дека со враќањето на Роналдо, клубот конечно ќе стигне до долгоочекуваната титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Иран има тешка животна приказна: Татко му не му давал да игра фудбал, па живеел како бездомник!

Иранскиот голман Алиреза Бејранванд стана вистински херој на иранската фудбалска репрезент…