
Џејмс Харден се пресели во Кливленд Кавалирс, откако Лос Анџелес Клиперс се согласија да го испратат овој 11-кратен учесник на Ол-стар натпреварите назад во Источната конференција во неговата најпродуктивна сезона во последните шест години.
Според „ЕСПН“, размената била успешно завршена.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кавалирс се откажуваат од Дарис Гарланд како организатор на играта, како и од втората рунда избор на драфт.
Харден оваа сезона бележи просек од 25,4 поени, што претставува најдобар скор од сезоната 2019/20, кога достигнуваше 34,3 поени по натпревар. Тој беше крајно важен за враќањето на Клиперските во борба за плејоф, после нивниот катастрофален старт од 6/21.
“Многу значи за нашиот тим и тоа го видовме во последните три години”, изјави тренерот на Клиперс, Тајрон Лу, во понеделник вечерта, кога почнаа да се зголемуваат гласините дека овој трансфер е на прагот на реализација.
“Кој не би сакал да го има Џејмс Харден?”
Кливленд ќе биде шестиот клуб во кариерата на Харден. Покрај Клиперс, тој досега играше и за Оклахома, Хјустон, Бруклин и Филаделфија.
За Кавалирс, овој потег се чини како вложување во сегашноста, спојувајќи го 36-годишниот Харден со уште една ѕвезда на бековската позиција, Донован Мичел. За Клиперс, се чини дека е потег насочен кон иднината, бидејќи 26-годишниот Гарланд е двоен Ол-стар, со просек од 18 поени и 6,9 асистенции оваа сезона.
Минатото лето, Харден се откажа од последната година од договорот со Клиперс за да потпише нов, кој за оваа сезона и кампањата 2026/27 ќе изнесува 81,5 милиони долари. Наредната сезона е по негов избор, што во суштина значи дека е на едногодишен договор.
Овој договор го доби откако достигна просек од 22,8 поени, 5,8 скокови и 8,7 асистенции и се врати во All-NBA тимот по првпат од сезоната 2019/20.