Дома Фудбал Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Ван Дајк ќе биде минато, Ливерпул за 100.000.000 добива две засилувања

Францускиот стопер Жереми Жаке вчера беше официјално потврден како новиот стопер на Ливерпул и ќе се пресели во нивните редови на лето. Дотогаш ќе игра во својот Рен.

Станува збор за момче за кое прашуваа речиси сите најголеми европски тимови почнувајќи од Баерн, Челзи и други… Ливерпул сепак беше најупорен, а воедно и поподготвен од другите да плати 70.000.000 евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Се подготвува смена на генерациите на „Енфилд“, тоа го видовме од минатото лето, а сега ред на доаѓа централниот дел на одбраната. Вирџил ван Дајк оваа сезона покажува знаци на слабост и со неговите 34 години време е постепено да ја предаде палката на помладите.

Ѓовани Леони дојде минатото лето како голем потенцијал од Парма за 30.000.000 евра, но се повреди на својот прв натпревар како стартер и тоа во Купот. Ги искина предните вкрстени лигаменти на коленото и можеби ќе заигра дури во последните неколку натпревари. Во клубот ќе го подготвуваат за важна улога следната година.

Со доаѓањето на Жереми Жаке, тие двајцата треба да го формираат стоперскиот тандем за иднината, додека сè уште е неизвесно што ќе се случи со Ибрахима Конате и дали Французинот ќе заврши во Мадрид како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судија во Бундеслигата си го запроси партнерот пред 50.000 гледачи (Видео)

На последниот натпревар на Келн во рамки на Бундеслигата, навивачите беа сведоци на невооб…