Дома Фудбал Русија повторно на светската фудбалска сцена? Инфантино: Забраната не постигна ништо

Русија повторно на светската фудбалска сцена? Инфантино: Забраната не постигна ништо

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека руските фудбалски клубови и националната репрезентација на Русија наскоро би можеле да се вратат на главната сцена на светскиот фудбал. Во разговор со Sky Sports, Инфантино даде поддршка за повторно вклучување на Русија во натпреварувањата и предложи прекинување на четиригодишната суспензија на земјата од меѓународни натпревари.

ФИФА го забрани учеството на Русија на меѓународните натпревари поради инвазијата на Украина во февруари 2022. Како резултат на тоа, Русија беше отстранета од Светското првенство во Катар и не учествуваше во квалификациите за изданието 2026, кое ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Инфантино изрази дека забраната не донела никаков резултат и ја потенцираше својата намера за враќање на младите руски репрезентации. “Мораме да размислиме за враќање на Русија, затоа што оваа забрана не постигна ништо. Само создаде поголема фрустрација и омраза”, изјави Инфантино. “Добро би било ако девојчињата и момчињата од Русија можат да настапуваат на фудбалски натпревари во други делови на Европа”, додаде тој.

Инфантино подвлече дека е целосно против забрани и предложи ФИФА “да внесе во своите статути дека не смееме да забраниме на ниту една земја да игра фудбал поради дејствијата на нејзините политички лидери”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово :Роналдо е пред заминување, објави и медиумот во кој тој е сопственик!

Кристиано Роналдо најавува заминување од Саудиска Арабија, како што објави португалскиот в…