Дома Фудбал „Состојбата во Шкупи уште е алармантна, луѓето кои го водеа се обвинети за местење натпревари“

„Состојбата во Шкупи уште е алармантна, луѓето кои го водеа се обвинети за местење натпревари“

Екипата на Шкупи поминува низ турбулентен период, а на социјалните мрежи сега повторно се огласија навивачите на чаирскиот клуб.

Тие посочуваат дека состојбата и понатаму е алармантна, но и дека сопствениците на клубот се обвинети за местење натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Сведоци сме дека состојбата во клубот беше и сè уште е алармантна. Сведоци сме дека во изминатиот период, особено во последните 2–3 години, во огромна мера се злоупотребуваше и манипулираше, а што е најлошо од сè – беше изгубено достоинството и идентитетот на клубот. Беше ограбено и опљачкано сè што можеше да се ограби и опљачка.

Клубот и оние кои го водеа во минатото се обвинети за корупција и мито, за финансиски злоупотреби, за неплаќање на обврските кон играчите и вработените во клубот, за сомнителни и фиктивни договори со играчи, вработени и други субјекти, а она што е најлошо за еден клуб и спортско здружение – се обвинети и за местење натпревари и манипулација со резултати. За сите овие работи поседуваме докази, поткрепени со факти и документација“, стои во дел од реакцијата.

Шкупи по првиот дел од сезоната се наоѓа на последното место на табелата со само еден освоен бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камерунец ќе го чува голот на Работнички

Работнички продолжува со засилувањата во зимскиот преоден рок, откако клубот од Дебар Маал…