Дома Фудбал Бензема договори сензационален трансфер, но го блокираше – Кристијано Роналдо?!

Бензема договори сензационален трансфер, но го блокираше – Кристијано Роналдо?!

Карим Бензема и Кристијано Роналдо се главна тема во Саудиска Арабија, а и двајцата на некој начин „завојуваа“, но не меѓусебно, туку со своите клубови.

Карим Бензема влезе во последните шест месеци од договорот, очекуваше понуда за обновување на соработката, но Ал Итихад му соопшти дека ќе добие пари само од правата на имиџ, без фиксна плата која досега изнесуваше дури 100.000.000 евра годишно. На крајот, Бензема порача дека сака да замине, а се појави опција да оди во Ал Хилал, дури ги договорил сите лични услови, но сега дојде до нова заплетка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кристијано Роналдо исто така ступил во штрајк, незадоволен од фактот што Ал Наср не се засилил во борбата за титулата, која сѐ уште не ја освоил. Роналдо смета дека дозволувањето на трансферот на Бензема би ја нарушило конкуренцијата во лигата, односно дека Ал Хилал повторно би бил првак.

Роналдо одби да игра на денешниот натпревар против Ал Ријад кој е закажан во 16:15, се шпекулира дека му се заканува и со заминување, но засега тоа се само гласини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола збесна поради судиите по новиот кикс на Манчестер Сити

Манчестер Сити испушти предност од два гола и одигра само 2:2 на гостувањето кај Тотенхем,…