Барселона има дури 10 бодови предност во однос на Реал Мадрид на врвот во „Ла Лига“ и изгледа дека првенството е одлучено после само 12 кола.
Преовладува размислувањето дека актуелниот шампион веќе после првата третина од титулата се прости од титулата. По ремито во градското дерби против Атлетико (0:0) во кое можеби беа оштетени, Шпанците успеаа да пронајдат дури десет ситуации во кои Реал требало, а не добил пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај тоа „АС“ додава дека Реал примил два погодоци од очигледни офсајд ситуации и дека на противниците на „кралевите“ им се „простени“ два црвени картони.
„Здрижениот судиски напад“ против Реал започна во второто коло. При гостувањето на Валенсија во Мадрид. Фудбалерот на гостите Дани Парехо во својот казнет простор очигледно го повлече за дрес фудбалерот на домаќините Карим Бензема, но судијата Фернандез Борбалан, не се огласи. Натпреварот заврши 2:2 и така испушти два бода.
Идното коло носи нова судиска одлука на штета на Реал и повторно на „Бернабеу’. Против Леванте во казнетиот простор на гостите Чем стартуваше врз Тео Ернандез но судијата не се огласи, натпреварот заврши 1:1 и Реал повторно губи два бода.
Во петото коло судијата Матеа Лахоз направи дури три големи грешки против Реал кој повторно беше оштетен на домашен терен. Првиот недосуден пенал против Бетис беше кога Чави Гарсија во казнетиот простор го нагази Марсело. Вториот го направи истиот фудбалер на гостите кога на гол-линија со рака спречи погодок. Како тоа да не беше доволно, поранешниот фудбалер на Реал помина неказнето и кога со боречки зафат го собори Роналдо во шеснаесетникот. Значи, три недосудени пенали за Реал, а Бетис на крајот славеше со минимални 1:0.
До 11 коло помина без судиски грешки на штета на Реал, но потоа при гостувањето кај Лас Палмас, „кралевите“ беа оштетени за два пенали, повторно на Бернабеу. Во првата ситуација Мичел го сруши Касемиро, додека подоцна во шеснаесетникот на гостите беше срушен Начо, но главниот судија повторно не се огласи.
Во градското дерби Реал можеби беше и најмногу оштетен. Повторно Реал е оштетен за три недосудени пенали и повторно судија беше Борбалан. Лукас Ернандез со копачка го скрши носот на Рамос, но тоа не беше доволно за пенал. Како ниту кога Диего Годин со рака го запре ударот на Роналдо во казнетиот простор. Судијата не виде ниту кога Фернандо Торес го сруши Начо во шеснаесетникот.
Овде мадритските медиуми имаа и бонус, два црвени картони кои фудбалерите на Атлетико мораа да ги добијат. Прво, Кореа намерно шутираше директно во главата на Бензема додека Французинот лежеше на теренот, а не казнет помина и Савиќ кој намерно го удри Крос.
На почетокот споменавме и голови на противниците на Реал кои не смеаа да бидат признати. Првиот е во осмото коло, оној на Жорге Молина за Гетафе во натпреварот во кој сепак Реал на крајот победи. Вториот е во 10 коло и тоа во поразот на Реал Мадрид против Гирона.
Кога судиските одлуки на штета на Реал ќе се претворат во бодови тоа изгледа вака: Два против Валенсија, два против Леванте, три против Бетис, два против Атлетико и еден против Гирона.
Вкупно 10. Точно колку што изнесува предноста на Барселона во однос на Реал!