Дома Фудбал Готово: Лукман го избра новиот клуб!

Готово: Лукман го избра новиот клуб!

Нигерискиот напаѓач Адемола Лукман ги напушта редовите на Аталанта и се подготвува за трансфер во нов клуб на крајот од зимскиот трансфер пазар.

Херојот на финалето на Лига Европа во 2024 година, кој со хет-трик го сруши Баер Леверкузен, подолго време посакуваше заминување од Бергамо. Фенербахче беше исклучително активно во обидот да го ангажира. Му понудија централна улога во проектот, борба за титула, и подобри финансиски услови од тие што му нудеше Атлетико Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, кога изгледаше дека изборот ќе падне на Истанбул пред Мадрид, следуваше пресврт. Адемола Лукман ќе ја засили екипата на Чоло Симеоне.

Чоло не е познат по купување играчи од типот на Лукман, но изгледа дека аргентинскиот тренер се има променето во своите стратегии, па ќе биде интересно да видиме како ќе го искористи подвижниот крилен напаѓач. Се зборува дека Чоло лично учествувал во преговорите со него.

Трансферот ќе биде вреден 35.000.000 евра, со дополнителни 5.000.000 евра во форма на бонуси, а договорот ќе биде долгорочен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тензија во соблекувалната на Реал: Куртоа незадоволен поради еден соиграч, раговарал и со Арбелоа

Соблекувалната на Реал Мадрид е под зголемен притисок, а во центарот на вниманието е Џуд Б…