Дома Фудбал Останато Скандал: Хокеари на Црвена Звезда во Загреб оставени само по шорцеви! (Фото)

Скандал: Хокеари на Црвена Звезда во Загреб оставени само по шорцеви! (Фото)

Српските хокеарски фанови се згрозени од непријатниот инцидент што се случи во Загреб, каде што хокеарите на Црвена Ѕвезда беа ограбени за време на натпревар против Медвешчак.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Додека натпреварот беше активен, нивните лични предмети исчезнаа од соблекувалната, јавува “CZBG портал”.

Овој непријатен инцидент се случи за време на третата третина од натпреварот во регионалната ИХЛ лига. Познато е дека непознати сторители влегле во соблекувалната на гостите и ги однеле сите тренинг одела и јакни со обележја на Црвена Ѕвезда. Освен тоа, исчезнале и еден пасош и мобилен телефон.

Околу еден час по завршувањето на натпреварот, украдената облека беше вратена во торби. Меѓутоа, не е потврдено дали пасошот и телефонот биле исто така вратени, па не се знае дали тимот без проблеми се вратил во Белград.

Белградскиот тим на мразот покажа супериорност, постигнувајќи убедлива победа од 6:1, со што го зацврсти третото место во регионалната лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …