Дома Фудбал Јувентус доведе засилување во средината, ноо бара и напаѓач – нова желба е фудбалер кој веќе двапати беше во Торино!

Јувентус доведе засилување во средината, ноо бара и напаѓач – нова желба е фудбалер кој веќе двапати беше во Торино!

Јувентус е на пат да финализира уште еден значаен потег во овој преоден рок.

Италијанскиот клуб бараше фудбалер кој би можел да биде замена Кенан Јилдиз и го најде во – Ница.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Станува збор за Жереми Бога,кој има претходно искуство во италијанската Серија А, каде остави значителен впечаток со настапите за Сасуоло, а потоа играше и за Аталанта пред да премине во Ница.

Жереми пристигнува на позајмица, со можност за откуп на крајот од сезоната за овој 29-годишен офанзивен фудбалер.

Ако ги задоволи очекувањата, Јувентус ќе издвои 5.000.000 евра следното лето.

Дополнително, Јувентус е во потрага по нов напаѓач. Ајван Тони го одби клубот, Дуран по сè изгледа ќе заврши во Лил, а сега се споменува Алваро Мората!

Овој шпански напаѓач формално е играч на Милан, но моментално е на позајмица во Комо, што значи дека Јуве ќе мора да преговара со два клуба ако сака да го врати во своите редови по трет пат.

Мората сè уште нема постигнато гол во оваа сезона од Серија А на 13 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема може да се врати во Европа, неговата ситуација ја следи гигант!

Пулсот на европската фудбалска сцена го вознемири вест која предизвика значителен интерес …