Дома Фудбал Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Mилан го реши голманското прашање до 2031 година!

Милан денеска соопшти дека капитенот на тимот и голман Мајк Мењан го потпиша новиот договор, со кој се обврзува на соработка до 30 јуни 2031 година.

Во официјалното соопштение, Милан изрази “задоволство што може да го потврди продолжувањето на договорот на Мајк Мењан до 30 јуни 2031”, нагласувајќи ја неговата лидерска улога и значењето што го има како на теренот, така и надвор од него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со продолжувањето на договорот, се стави крај на шпекулациите околу неговата иднина, бидејќи во претходниот период беше поврзуван со интерес од повеќе европски клубови, меѓу кои беше споменуван и Челзи.

Милан напомена дека со неговиот избор да продолжи соработката, Мењан го покажа “определувањето за континуитет и долгорочните амбиции на клубот, кој планира иднината да ја гради околу искусни лидери и млади таленти”.

Мењан пристигна во Милан во 2021 година и од тогаш прерасна во еден од клучните столбови на клубот, преземајќи ја капитенската лента и станувајќи една од највлијателните фигури во соблекувалната.

Францускиот репрезентативец досега има одиграно 188 натпревари за “росонерите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Jувентус договори Црногорец!

Талентираниот фудбалер, кој потекнува од Црна Гора, Адин Личина (19), би можел да стане де…