Дома Фудбал Баерн подготвен да плати 100 милиони евра за хрватски талент?

Баерн подготвен да плати 100 милиони евра за хрватски талент?

Минхенски Баерн има сериозен интерес да го доведе извонредниот хрватски фудбалер Лука Вушковиќ следното лето.

Овој 18-годишен талент, познат по својата извонредна игра, моментално блеска во дресот на ХСВ. Всушност, дојде како позајмен играч од Тотенхем, но брзо покажа дека е огромно засилување за тимот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Неговите настапи го оставија целосно без зборови фудбалскиот свет. За него се зборува како за играч кој наскоро би можел да чини 100 милиони евра. Тотенхем веќе разгледува да го врати пред почетокот на следната сезона.

Сепак, со ваквите настап неговиот тим може значително да заработи ако се реши да го продадат. Интерес од Баерн за ваква зделка веќе постои.

Според германските медиуми, шампионот на Бундеслигата сериозно разгледува да го доведе Вушковиќ. Нема да биде изненадување ако следува официјална понуда до лондонскиот клуб.

Актуелната цена на хрватскиот дефанзивец е 40 милиони евра. Тотенхем сигурно ќе бара повеќе средства, а останува да видиме колку Баерн е подготвен да плати.

Шансите за привлекување на Вушковиќ нема да се појавуваат често. Неговата вредност постојано се зголемува и не е далеку денот кога ќе се сметаат 100 милиони евра како попуст.

Одличните настапи на младиот Хрват го импресионираа и тренерот на Баерн, Винсент Компани. Тој има долгогодишно искуство од Бундеслигата и разбира какви предизвици чекаат млад играч во една од најсилните лиги во светот.

“Неверојатен талент е. Во Бундеслигата, младите дефанзивци многу тешко се развиваат. Мора да се физички исклучително подготвени”, истакнува Компани и додава:

==

Лука Вушковиќ несомнено е иднината на хрватскиот, но и на европскиот фудбал. Со неговите 18 години, тој е вистинска сензација, а прашање е само до каде ќе стигне неговата кариера.

Оваа сезона во дресот на ХСВ, одигра вкупно 18 натпревари, постигна три гола, а со своите дефанзивни потези задолжително го привлекува вниманието на фудбалските топ клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ЧИНИ 50 МИЛИОНИ, ЗНАЕ КАДЕ САКА: Уморен сум од играње по студ и дожд!

Летниот трансфер период се подготвува, а една од главните ѕвезди ќе биде Холанѓанецот Кес …