Дома Фудбал Кристал палас го руши сопственикот рекорд: Плаќа 57 милиони евраза напаѓач кој има само еден гол!

Кристал палас го руши сопственикот рекорд: Плаќа 57 милиони евраза напаѓач кој има само еден гол!

По незаборавната мината сезона кога успеаја да се пласираат во Лига Европа (конечно добија место во Лига на конференции), освоија ФА куп и летово ги честуваа со Комјунити шилд, Крстален Палас сега се соочува со големи предизвици.

Тимот веќе го напушти капитенот Марк Геи кој потпиша за Манчестер Сити. Жан Филип Матета беше исто така пред голем трансфер, речиси во редовите на Јувентус, но тој трансфер пропадна, додека тренерот Оливер Гласнер најави дека ќе замине на лето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во второто полувреме од последниот првенствен натпревар против Челзи, извршниот директор Стив Пери беше видно незадоволен и ја напушти ложата. На “Селхрст парк” изгледа како целата работа изградена во изминативе години да се урива.

Од 11 декември не успеаја да победат на 11 натпревари, па потребно е веднаш да реагираат на трансфер пазарот и да ја поправат сликата.

Затоа издвојуваа 51.000.000 евра за Волверхемптон, плус 6.000.000 во форма на бонуси за напаѓачот Јорген Странд Ларсен. Овој играч беше на листата на желби и на Вест Хем летово, а во овој зимски период и на Лидс Јунајтед, но тие не беа подготвени да понудат над 46.000.000.

Странд Ларсен досега постигна само еден гол во Премиер лигата во 21 настап оваа сезона, плус една асистенција. Изгледа дека оваа инвестиција на Палас е некаков присилен потег за да се обидат да ја подобрат моменталната ситуација која не оди во нивна корист.

Ова ќе биде најголемата куповина во историјата на Крстален Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигнаа казните за скандалот во Африканскиот куп на Нации – има и за Мароко и за Сенегал!

Африканската фудбалска конфедерација го објави конечниот исход за санкциите по хаотичното …