Дома Фудбал Рамос влегува во рингот и ќе се бори против контроверзниот Ендру Тејт!?

Рамос влегува во рингот и ќе се бори против контроверзниот Ендру Тејт!?

Легендарниот фудбалер Серхио Рамос наводно се подготвува за својата прва боксерска борба, а противник би требало да му биде контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт. Рамос е познат како голем љубител на боречките спортови и често ги следеше УФЦ-настаните, каде што му даваше поддршка на својот пријател Илија Топурија, со кого и тренираше. Своите вештини ги усовршуваше и со Пабло Мотос, изучувајќи ги основите на боречките вештини.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Информацијата ја пренесува „Дефенса Сентрал“, портал кој ги следи случувањата во Реал Мадрид, клуб во кој Рамос долго време беше капитен на фудбалскиот тим.

Борбата меѓу Рамос и Тејт наводно е договорена за 22 август и ќе ја организира „Мисфитс боксинг“ во Катар. Борбата, според најавите, би требало да се одржи во шест рунди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биелса објаснува зошто не гледаше во камерата на фотосесијата за Светското првенство

Марсело Бјелса реагираше на неговата вирална фотосесија за ФИФА, при што одби да гледа во …