Дома Фудбал Ниту Саудиска Арабија, ниту Реал Мадрид: Винисиус подготви изненадување за светот на фудбалот!

Ниту Саудиска Арабија, ниту Реал Мадрид: Винисиус подготви изненадување за светот на фудбалот!

Драмата околу новиот договор на Винисиус во Реал Мадрид продолжува. Неколку пати агентите на бразилскиот фудбалер разговараа со раководството на кралскиот клуб за продолжување на соработката, но договор сѐ уште не е постигнат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проблемот е платата. Винисиус бара износ кој го има и Мбапе, односно околу 30 милиони евра годишно, но Кралевите не се подготвени да дадат повеќе од 20 милиони и неколку милиони повеќе со бонуси.

Тоа за сега е главниот проблем во преговорите. Никој не сака да попушти, па Бразилецот после сето ова одлучи да реагира.

El Nacional тврди дека Вини поставил јасен услов. Ако неговата ситуација не се реши до април, ќе ги спакува куферите и ќе побара трансфер.

“Винисиус наводно јасно му порачал на Реал. Ако ситуацијата околу договорот не се реши до април, е подготвен да замине од клубот”, наведува овој весник.

Исто така, се наведува дека сумата која ја бара е подготвен да ја плати францускиот шампион ПСЖ.

“ПСЖ силно сака да го доведе Бразилецот. Нема проблем ни со плата од 30 милиони евра.”

Секако, Винисиус има неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Му се нуди милијарда евра за пет години, но тој не сака во најдобрите години да оди во егзотика.

Реал досега е тврд во преговорите. Флорентино Перез не попушта, но ни агентите на бразилската ѕвезда. Постојат желби за останување, но бидејќи договор нема, ќе мора да побара други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија во голем проблем пред Иран: Една од најголемите ѕвезди дефинитивно отпадна

Репрезентацијата на Белгија доживеа голем удар пред натпреварот од второто коло на Светско…