Дома Фудбал Иднината на Александер-Арнолд не е сигурна во Реал – ќе си замине ли од Мадрид!?

Иднината на Александер-Арнолд не е сигурна во Реал – ќе си замине ли од Мадрид!?

Изгледа дека шпекулациите околу иднината на Трент Александер-Арнолд во Реал направија вистинска врева во изминатите денови. Шпанските медии објавија дека новиот тренер на „кралскиот клуб“ му соопштил на поранешниот бек на Ливерпул дека не фигурира во неговите идни планови.

Но, денеска „Дејли Мејл“ ги демантира овие гласини и истакнува дека иако стартот на Александер-Арнолд во Мадрид беше тежок, информациите не се точни. Тој моментално се бори со повреда, заради што има настапено само на 11 натпревари сезонава, без особено влијание на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трент е проценет на вредност од 70 милиони евра, според „Трансфермаркт“. Пристигна во Реал минатото лето како голема ѕвезда, откако го освои англиското првенство со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трансферот на Ен-Несири во Јувентус падна, објави Киелини

Јувентус нема да го привлече напаѓачот на Фенербахче Јусеф Ен-Несири и покрај договорот по…