Дома Фудбал Флик добива засилување: „Новиот Мохамед Салах“ на прагот на Барселона

Флик добива засилување: „Новиот Мохамед Салах“ на прагот на Барселона

Како што стојат работите сега, изгледа дека момчето кое го посакува пола Европа, е најблиску до потпис за каталонскиот клуб. По синоќешната нова победа во Лигата на шампионите, стигнуваат одлични вести за навивачите на каталонскиот клуб.

Барселона продолжи преговори за доаѓањето на младиот Хамза Абделкарим, кој многумина го нарекуваат „Новиот Мохамед Салах“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Според сознанијата на шпанските медиуми, двете страни постигнале значителен напредок во последните 24 часа.

Договорот уште се финализира, а целта на каталонскиот клуб е Абделкарим најпрво да стане дел од нивната академија.

Планот е младиот играч постепено да се вклучи во системот на клубот, развивајќи се под водство на тренерите и стручниот тим на академијата.

Барселона го гледа во него како долгорочен потенцијал и сака да му пружи стабилен пат кон професионалниот фудбал.

Абделкарим во изминатите сезони покажа извонредни квалитети, што ја привлече вниманието на скаути од цела Европа.

Преговорите се однесуваат на деталите од договорот, вклучувајќи го времетраењето на соработката и развојниот план за младиот играч.

Играчот и неговиот тим се во контакт со Барселона за да ги финализираат сите формалности.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓач на Силекс плачеше како мало дете по црвен картон против Вардар (Видео)

Фудбалерите на Вардар во продолжение од дербито со Силекс ќе имаат предност од фудбалер по…