
Данска се соочува со тежок предизвик во втората фаза од Европското првенство во ракомет.
Португалија предизвика голема сензација совладувајќи ја фаворизираната Данска (31:29) во директната борба за првото место во групата Б и понесувањето на двата бода во следната фаза.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Ова беше едно од најголемите изненадувања досега на Европското првенство во ракомет. После тежок удар, данскиот селектор Николај Јакобсен откри за ТВ2 дека во среда нема да има тренинзи.
“Одлучивме денес да не тренираме и наместо тоа да се посветиме на анализа на натпреварите, како оној против Португалија, така и играта на Франција. Повеќе време поминуваме во разговори и анализа отколку во салата. Натпреварот против Португалија беше доста напорен, а нè очекува исклучително физички зтежок судир, затоа целта е да пронајдеме дополнителна физичка сила за она што следи,” сподели данскиот селектор.
Во втората фаза од Европското првенство, Данска се натпреварува со Франција, Германија, Шпанија и Норвешка.