
Жан-Филип Матета ги договори сите лични услови со Јувентус и чека разврска на преговорите меѓу клубовите.
Италијанските медиуми објавија дека Матета ја прифатил понудата на Јувентус според која ќе заработува годишно четири милиони евра, но сега останува потешкиот дел – да Кристал Палас го ослободи Французинот уште оваа зима.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Наводно, Палас сака да инкасира 35.000.000 евра и бонуси, додека Јувентус нуди опција за заем до крајот на летото со обврска за откуп за 28-30.000.000 евра, што клубот од Лондон ја одби.
Матета врши притисок врз Палас, кој нема да има избор, исто како што на крајот прифати да Марк Гeји оди во Сити за 20.000.000 фунти. Матета има договор до летото во 2027 година и во јуни влегува во последната сезона, па Палас сигурно ќе го монетизира.
Палас плати за Матета само 11.000.000 евра за трансферот од Мајнц во 2022 година, така што ова сигурно ќе биде одличен бизнис за клубот.
Матета дури стигна и до репрезентацијата на Франција, иако е на праг на 29 години, запиша три настапи и постигна два гола.