
Според информации од соседството, Един Џеко во моментов е во Загреб, каде што имал состанок поврзан со можен враќање таму каде што започна неговата кариера.
Ситуацијата околу иднината на Един Џеко станува сè поинтересна, а најновите информации дополнително ја раздвоија фудбалската јавност во регионот. Искусниот напаѓач не е задоволен од својата минутажа во Фиорентина, а извори блиски до играчот откриваат дека е отворен за брз трансфер во нова средина каде што би имал поголема улога.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Како што дознава порталот Sportsport.ba, Џеко неодамна престојувал во Загреб, каде што се случил состанок кој изненадил многумина. Според достапните информации, во хрватската престолнина разговарал со раководните луѓе на ФК Железничар, клубот каде што ја започна својата професионална кариера. Оваа информација ја отвора можноста за враќање, што би имало огромно емотивно и спортско значење. Исто така Џеко во Железничар би станал соиграч и со македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски кој го носи дресот на овој клуб.
Состанокот во Загреб се претпоставува дека поминал во многу коректен тон, со тема на разговор иднината на Џеко и визијата на Железничар за следниот период. Иако не се познати деталите, јасно е дека не се работи за обичен пријателски состанок, туку за сериозен разговор кој би можел да доведе до конкретен исход.