Дома Фудбал Перез има нова идеја за тренер: Тргнува по светскиот шампион!

Перез има нова идеја за тренер: Тргнува по светскиот шампион!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, разгледува идеја да го постави актуелниот селектор на аргентинската репрезентација, Лионел Скалони, за нов тренер на “кралскиот клуб”, пренесуваат шпанските медиуми.

Управата на мадридскиот клуб веќе работи на плановите за следната сезона по најавеното заминување на Чаби Алонсо, при што името на Скалони се гради како едно од решенијата за водење на новиот проект.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лидерите на Реал бараат тренер со голеемо реноме, но и со способност да управува со соблекувалната преполна со врвни играчи. Во клубот веруваат дека профилот на Скалони одговара на овие барања, со оглед на неговото искуство во работа под огромен притисок и со играчи како Лео Меси и Анхел Ди Марија, како и на резултатите постигнати на највисоко ниво на репрезентативниот фудбал.

Скалони освои Светско првенство со Аргентина, две титули на Копа Америка, како и трофејот Финалисима, и тоа без проблеми во соблекувалната на “гаучосите” која е позната по големи имиња и темпераментност.

Во внатрешните кругови на Реал проценуваат дека стилот на работа на Скалони би овозможил стабилна транзиција, со тактичка јасност и способност за прилагодување за време на натпреварите, карактеристики кои се врзуваат со најуспешните периоди под раководство на Карло Анчелоти во клубот.

Наводно, планот е преземањето на Скалони да се случи по завршувањето на неговите обврски со репрезентацијата на Аргентина по Светското првенство 2026 година. Во меѓувреме се зборува и за потенцијален ангажман на Јирген Клоп…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Душан Влаховиќ го напушта Јувентус, започнува новата ера на Србинот

Во петок изутрина на киосците во Торино ги дочека насловната страна на “Тутоспорт…