Дома Останати Ракомет EХФ не верува во Македонија – ни даваат минимални шанси за следна фаза! (Фото)

EХФ не верува во Македонија – ни даваат минимални шанси за следна фаза! (Фото)

Со обезбедениот настап на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација ја исполни примарната задача што беше зацртана пред почетокот на квалификациите. Сепак, ждрепката не беше наклонета кон „црвено-жолтите“, па Македонија се најде во силна и исклучително конкурентна група, која остава мал простор за оптимизам околу пласманот во следната фаза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проекциите на експертите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) не одат во прилог на нашиот национален тим. Според нивните анализи, Македонија има само 8,9 проценти шанси да ја мине групната фаза, додека шансите за пласман во четвртфиналето и настап на завршниот викенд се сведени на минимум, односно практично не постојат. Полоши прогнози од македонските имаат само репрезентациите на Грузија, Фарските Острови, Романија, Италија и Украина.

Истовремено, според истата анализа, Данска и Франција важат за главни фаворити за освојување на европската титула.

Според форматот на натпреварување, по две најдобро пласирани селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната групна фаза, додека за дванаесет репрезентации Европското првенство ќе заврши уште по завршувањето на групниот сегмент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Босанецот Хаџиќ си замина од Пелистер!

Еурофарм Пелистер и босанскиот ракометар Алем Хаџиќ спогодбено ја завршија соработката, со…