Дома Останати Ракомет Сите натпревари на Македонија и Данска: Сме победиле само еднаш! (Видео)

Сите натпревари на Македонија и Данска: Сме победиле само еднаш! (Видео)

Македонската и данската репрезентација низ годините имаат одиграно вкупно осум меѓусебни натпревари – шест на големите натпреварувања и два во квалификациски циклуси. Првата средба датира од Светското првенство во Хрватска, а најсилни емоции кај домашната јавност и денес предизвикува драматичниот и несреќно загубен дуел во Белград на ЕП 2012. Од поубавите спомени, секако, се издвојува победата над Данска во Скопје во 2021 година, во рамки на евро-квалификациите, меч кој воедно беше и деби на селекторската функција за Кирил Лазаров.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Статистиката е јасна и немилосрдна – од вкупно осум натпревари, Македонија има само една победа, додека Данска славела на седум, без ниту едно реми меѓу нив.

Историјата на меѓусебните дуели покажува доминација на скандинавската селекција, но и неколку натпревари во кои Македонија беше рамноправен ривал, па дури и победник.

Евентуален триумф на дански терен би значел вистинска сензација и еден од најголемите успеси во историјата на македонската репрезентација. Сепак, спортот безброј пати покажал дека фаворитската улога не гарантира победа, па и вечерашниот предизвик, иако исклучително тежок, не е невозможен.

Правдата на првиот натпревар на шампионатот ќе ја делат браќата близнаци Игор и Алексеј Ковалчиус од Молдавија.

2009 – Светско првенство – Данска – Македонија 32-24

2012 – Европско првенство – Данска – Македонија 33-32

2013 – Светско првенство – Данска – Македонија 33-30

2014 – Европско првенство – Данска – Македонија 29-21

2018 – Европско првенство – Македонија – Данска 20-31

2021 – Квалификации за Европско првенство – Македонија – Данска, 33-29

2021 – Квалификации за Европско првенство – Данска – Македонија 37-21

2022 – Европско првенство – Македонија – Данска 21-31

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Целје падна по пенал драма, Охрид ќе игра за европска титула!

Ракометарите на Охрид испишаа историја откако по подобро изведување на пенали (4-3), по не…