Дома Фудбал Фернандеш донел конечна одлука за својата иднина во Манчестер јунајтед!

Фернандеш донел конечна одлука за својата иднина во Манчестер јунајтед!

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, не планира да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, јавуваат денеска британските медиуми.

Изминативе денови се појаавија информации дека Фернандеш ја преиспитува својата иднина на Олд Трафорд, поради отказот на тренерот Рубен Аморим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Фернандеш имаше состанок со еден од тренерите од тимот на Аморим, што предизвика шпекулации дека 31-годишниот фудбалер можеби бара излез од клубот.

Сепак, извори блиски до Би-Би-Си кои ја следат ситуацијата, истакнуваат дека Фернандеш останува лојален кон клубот. Од секогаш планирал да ја преоцени својата ситуација летово, кога ќе му остане уште една година од договорот.

Минатото лето, Фернандеш одби поволна понуда од Ал Хилал и се смета дека е заинтересиран да остане во Европа, ако одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед.

Португалскиот играч неодамна изјави дека бил разочаран кога дознал дека клубот сака да го продаде, а челниците избегнувале да му го кажат, бидејќи Аморим имал желба тој да остане во тимот.

Откако Аморим доби отказ, управата назначи Дарен Флечер за привремен тренер за две натпревари, а потоа одлучи тимот да го води Мајкл Керик до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Аталанта го врати Распадори во Серија А

Аталанта го објави привлекувањето на напаѓачот Џакомо Распадори, кој пристигнува со трансф…