
Омар Мармуш треба да се врати во Манчестер Сити почетокот на наредната недела, откако ќе го одигра натпреварот за трето место на Купот на Африка со Египет. Сепак, постои можност тој да не остане долго на „Етихад“, поради тоа што се планира импозантен зимски трансфер.
Египет не успеа да влезе во финалето на Купот на Африка, бидејќи вчера беше поразен во полуфиналето од Сенегал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
До крајот на турнирот, Египет ќе се соочи со Нигерија во натпреварот за трето место во сабота, по што фудбалерите ќе се вратат во своите клубови.
Денес во центарот на интерес е Омар Мармуш, кој игра за Манчестер Сити. Се очекува тој да се врати во англискиот клуб почетокот на следната недела, но постои можност на „Етихад“ да не се задржи долго.
Некои извори велат дека тој може да го напушти Манчестер Сити до крајот на јануари, бидејќи еден клуб покажал голем интерес за да го доведе Мармуш.
Станува збор за Борусија Дортмунд, која има намера да го донесе Мармуш во своите редови и е подготвена да вложи напори за тоа да се случи зимската сезона.
Дортмунд му предложил на Сити да го земат Мармуш на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на договорот, при што се подготвени да платат за него околу 60 милиони евра ако ги исполни очекувањата.
🚨 Omar Marmoush to Borussia Dortmund? 🟡⚫️
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) January 15, 2026
BVB is reportedly eyeing the Man City forward to fix their striker crisis. A return to Bundesliga for the Egyptian star could be the winter’s biggest move! 🇪🇬
📊 Market insights via @Fussballdaten 📈: https://t.co/lcKQHiEkyz
По пристигнувањето на Антоаине Семено, заминувањето на Мармуш не изгледа невозможно, а дополнителен проблем за него е што Ерлинг Халанд сезонава е во неверојатна форма.
Мармуш во првата половина од сезоната за „Граѓаните“ забележа 15 настапи и постигна само еден гол и една асистенција, што е далеку под очекувањата за играч за кој беше платено дури 75 милиони евра.
Договорот на Египќанот со Манчестер Сити трае до летото 2029 година.
Во Бундеслигата беше фантастичен во дресот на Ајнтрахт Франкфурт, а претходно играше за Волфсбург, Штутгарт и Санкт Паули.