
Алваро Арбелоа доживеа катастрофален почеток на клупата на Реал Мадрид бидејќи тимот неочекувано испадна во осминафиналето на Купот на кралот од втората лига Албасете, а Флорентино Перез го разниша младиот тренер веднаш по натпреварот со своите зборови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми објавија дека Перез бил бесен по вчерашниот пораз на кралскиот клуб и тоа го изразил токму пред Арбелоа.
Исто така, „Кадена СЕР“ пишува дека Перез му кажал отворено на Арбелоа дека нема долго да остане на клупата на првиот тим и дека поразот од Албасете бил показател дека Реал што побрзо треба некој поискусен и подобар тренер.
Во Мадрид веќе од утрово започнаа сериозна потрага за нов тренер и сакаат до крајот на месецот да го решат тој проблем.
Првата желба на Перез е Јирген Клоп со кого преговараат, а едно од решенијата може да биде и Зинедин Зидан кој би можел да се согласи да го води тимот на Реал до крајот на оваа сезона.