Дома Фудбал Хартс и Канзас се огласија: На повидок крај на сагата со Мато!

Хартс и Канзас се огласија: На повидок крај на сагата со Мато!

Според најновите информации, се чини дека Хартс излегува како победник во заплетот околу Роџерс Мато, а најдобриот стрелец на Вардар најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Шкотска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Откако вчера Хартс јавно објави дека постигнал договор со Мато, денеска од таборот на Вардар информираа дека прифатиле понуда од Спортинг Канзас Сити од МЛС лигата. Сепак, американскиот клуб брзо ја расчисти дилемата и потврди дека се повлекува од трката за потписот на напаѓачот.

„Спортинг Канзас Сити ја разгледуваше можноста за трансфер на Роџерс Мато, но тој одлучи да потпише преддоговор со Хартс и му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, соопштија од американскиот клуб во изјава за „Единбург њуз“.

Дека договорот е веќе потпишан, потврди и портпаролот на шкотскиот клуб.

„Имаме потпишан договор со играчот и сме целосно смирени околу ситуацијата“, изјави портпарол на Хартс.

Доколку не дојде до неочекуван пресврт, Роџерс Мато ќе го облече дресот на Хартс по завршувањето на тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема крај на проблемите: Чуамени повторно ги разочара фановите на Мадрид

Орелиен Чуамени минува низ исклучително тежок период во својата кариера. Ќе биде вистинско…